Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун надгледуваше вежби за симулација на нуклеарен контранапад

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун надгледуваше вежби за симулација на нуклеарен контранапад

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун надгледуваше вежби што симулираа нуклеарни контранапади врз Сеул и Вашингтон, објавија денеска локалните медиуми.

Јужнокорејската војска соопшти дека вежбите, во кои биле вклучени „различни видови“ балистички ракети со краток дострел, би можеле да бидат поврзани со извозот на оружје од Северна Кореја во Русија.

Русија и Северна Кореја потпишаа договор за заедничко стратешко партнерство во јуни 2024 година, што предвидува меѓусебна воена помош во случај на напад врз која било од нив.

Вежбите вклучуваа ракетен систем и тактичка балистичка ракета, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

На вежбата беше одржана детална обука за „постапки и процеси за брзо преминување во позиција за нуклеарен контранапад“, додаде агенцијата.

„Целта на вежбата беше постигната и беше потврдена сигурноста на командниот и мобилизацискиот систем способен брзо да одговори на секоја нуклеарна криза“, соопшти КЦНА.

Санкциите на ОН против Пјонгјанг поради неговата нуклеарна програма ѝ забрануваат на оваа земја да поседува балистички ракети.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата