Сеул: Северна Кореја истрела балистички проектил со краток дострел

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сеул: Северна Кореја истрела балистички проектил со краток дострел

Пјонгјанг ги лансираше ракетите кон Источното Море, познато и како Јапонско Море наутро од источниот крајбрежен град Вонсан, соопшти Генералштабот во Сеул. Првично не беа дадени дополнителни детали.

-Нашата војска го засили надзорот против дополнително лансирање и одржува состојба на целосна подготвеност, додека тесно споделува информации за балистичките ракети на Северот со САД и Јапонија, соопшти Генералштабот.

Ова е првото лансирање балистички ракети од Пјонгјанг од 10 март, наведуваат јужнокорејските медиуми.

На Северна Кореја ѝ е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Ова се обично ракети земја-земја кои можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.

Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестови во текот на изминатите две години, заострувајќи ја својата реторика против САД и Јужна Кореја. Исто така, ја зајакна и својата воена соработка со Русија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата