Сенатор Кенеди: Мора повеќе да направиме за да ги намалиме трошоците за живот на Американците

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сенатор Кенеди: Мора повеќе да направиме за да ги намалиме трошоците за живот на Американците

- Претседателот Трамп и републиканците во Конгресот, мислам, направија прилично добра работа за намалување на инфлацијата од девет на три проценти, но мора да направиме повеќе, истакна Кенеди.

Сенаторот Кенеди истакна дека кога тој би решавал би го донел секој закон што би го смислил за намалување на трошоците на Американците.

- Кога мајките и татковците не можат да заспијат навечер, тие не се загрижени или размислуваат дали мажот може да дои. Тие се загрижени за трошоците за живот. Тие се загрижени дека ќе мора да продадат крвна плазма за да одат во продавница, загрижени се за трошоците за домување и трошоците за осигурување, наведе Кенеди.

Според него, преку регулативи може да се стимулира економијата на САД.

- Знам за над 200 даночни промени што би можеле да ги направиме за да ја стимулираме економијата и да ги зголемиме платите на луѓето, а ние тоа не го правиме. И мислам дека е огромна грешка, посочи Кенеди.

Тој упати критика и кон, како што го нарече „добар пријател“, лидерот на републиканците во Сенатот, Џон Тун.

Само тој може да донесе закон на седницата на Сенатот. Не можам да го натерам да го направи тоа да донесе закони за решавање на трошоците за живот во Америка, наведе сенаторот Кенеди.

Тој додаде дека сè уште не го убедил Тун, „а времето истекува“, но оти ќе продолжи да го наговара.

Сенаторот од Лујзијана се залага за фискална рестрикција, ограничена влада и социјален конзервативизам. Тој е против зголемување на даноците, тврдејќи оти пониските даноци го поттикнуваат економскиот раст и бара намалување на бирократијата. Сенаторот Кенеди е поборник на правото за поседување и носење на оружје.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата