Екипи за пребарување и спасување веднаш беа испратени на местото на настанот за да проверат дали има некој заробен во становите, објави Диги24..
Седум станари добија медицинска помош на лице место, додека шест беа однесени во болница. Едно лице е интубирано, четворица претрпеа вдишување чад, а едно има изгореници на ногата. Пожарот во Букурешт е локализиран, но сè уште се преземаат напори за целосно гаснење и вентилација на зградата, бидејќи пожарот делумно се прошири на надворешната фасада.
На местото на настанот се распоредени бројни екипи: седум противпожарни возила, возило за техничка интервенција и извлекување, две платформи за работа на висина, специјални спасувачи и шест амбулантни возила на SMURD.
На граѓаните во областа им се препорачува да не отвораат прозорци поради чад додека трае интервенцијата.

