Се урна авион во Јужен Судан: Нема преживеани

27.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна авион во Јужен Судан: Нема преживеани

Контактот беше изгубен за време на летот од Јеи, а причината за несреќата сè уште не е потврдена.

Управата за цивилно воздухопловство на Јужен Судан соопшти дека авион се урна југозападно од главниот град Џуба, при што загинаа сите 14 лица во авионот.

„Цесна 208 Караван“, управуван од „СитиЛинк Авиејшн“, изгуби контакт додека леташе од градот Јеи до меѓународниот аеродром Џуба, се вели во соопштението, објави Ројтерс.

Авионот полетал во 9:15 часот по локално време и го изгубил контактот во 9:43 часот. Во авионот имало 13 патници и пилотот, вклучувајќи државјани на Кенија и Јужен Судан. Прелиминарните извештаи укажуваат дека несреќата можеби се случила поради лоши временски услови, првенствено намалена видливост, се вели во соопштението.

Извор: Б92

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата