Маж, 45, кој е осомничен и за обид за напад врз полицајци, е уапсен под сомнение за обид за убиство, соопшти лондонската полиција.
Нападот во Голдерс Грин, се случи околу 11:16 часот по локално време, повредени се двајца мажи, на возраст од 76 и 34 години, кои се во стабилна состојба во болница. Полицијата соопшти дека нема повредени полицајци.
Снимките од безбедносните камери добиени од „CNN“ го покажуваат нападот. Едниот од мажите стоел во близина на автобуска станица кога човекот го турнал во семафор и го избодел повеќе пати.
Министерството за надворешни работи на Израел издаде соопштение
Министерството за надворешни работи на Израел го сподели видеото од нападот.
„По нападите врз синагоги, еврејски институции, амбулантни возила во сопственост на еврејската заедница, а сега и врз Евреите во Голдерс Грин, британската влада повеќе не може да тврди дека ја држи ситуацијата под контрола. Изјавите на премиерот Кир Стармер не се замена за соочување со корените на антисемитизмот што се шири низ Обединетото Кралство“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
„Британските Евреи не смеат да имаат потреба од безбедносни патроли и волонтери од службите за итни случаи за да живеат отворено како Евреи. Доста муабет. Обединетото Кралство мора да дејствува решително и итно“, додадоа тие.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!
After attacks on synagogues, Jewish institutions, community ambulances and now Jews targeted in Golders Green, the UK government can no longer claim this is under control.
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) April 29, 2026
Prime Minister Keir Starmer’s statements are no substitute for confronting the roots of antisemitism… pic.twitter.com/lT3tx7UWo8
Полицијата го онеспособи напаѓачот со електрошок
Комесарот на лондонската полиција, Марк Роули, рече дека осомничениот имал „историја на тешко насилство и проблеми со менталното здравје“. „Ова сега е официјално прогласено за терористички инцидент“, потврди шефот на лондонската полиција за борба против тероризмот, Лоренс Тејлор, додавајќи дека полицијата истражува „дали нападот бил намерно насочен кон еврејската заедница во Лондон“.
Истражителите за борба против тероризмот ја истражуваат националноста, потеклото и можните врски на осомничениот со тероризмот, соопшти полицијата.
Волонтери од локалната патролна група Шомрим брзо пристигнале на местото на настанот, изјави за „CNN“ рабинот Хершел Глук, кој раководи со блиската гранка на организацијата. „Тие го уапсија напаѓачот и го држеа додека не пристигна полицијата“, рече тој.
British Police arrest a terrorist who stabbed two Jews in the Golders Green neighborhood of London. One victim is in serious condition. pic.twitter.com/ucZzUUMjdt
— Beirut Wire (@beirutwire) April 29, 2026
Според снимките направени од локалните жители, осомничениот им се приближил на полицајците откако тие пристигнале, кои потоа го зашеметиле и го привеле. Полицијата ја опколила пошироката област додека пристигнале новинарите, а на местото на настанот биле повеќе возила за итни случаи, вклучувајќи амбулантно возило и полициски хеликоптер.
Британскиот премиер Кир Стармер го опиша нападот како „апсолутно ужасен чин на антисемитизам“. „Сите мора да бидеме апсолутно јасни во нашата решеност да се справиме со овие акти, од кои видовме премногу во последно време“, изјави тој пред парламентот.
Тој, исто така, им се заблагодари на патролната група Шомрим, еврејската служба за итни случаи Хацола и полицијата за нивниот брз одговор.
Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека е „згрозен од уште еден насилен напад врз Евреите сред бел ден на улиците на Лондон“ и ја повика британската влада да „преземе итни и решителни мерки пред да се случи следниот антисемитски напад“.

