Се појави снимка од нападот врз полскиот амбасадор во Русија (ВИДЕО)

20.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се појави снимка од нападот врз полскиот амбасадор во Русија (ВИДЕО)

Како што изјави за ПАП, група „добро организирани активисти“ го нападнале вербално, а потоа се обиделе физички да го нападнат, но неговата придружба спречила посериозен инцидент.

„Група луѓе извикувале антиполски и антиукраински слогани. Тие се обиделе физички да ме нападнат. Благодарение на професионализмот на персоналот на амбасадата, ова не се случило“, рече Крајевски, нагласувајќи дека станува збор за пресметан напад, со оглед на подготвените транспаренти и организираната група.

Амбасадорот веќе испратил протестна нота до руското Министерство за надворешни работи.

Полскиот весник „Газета Виборча“ беше првиот што објави информации за инцидентот.

Реагирајќи на веста, полскиот вицепремиер и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го опиша нападот како сериозна ескалација.

„Ова е преминување на друга линија. Скандалозно однесување кое ги крши сите дипломатски принципи“, рече тој, додавајќи дека Полска очекува да се почитува меѓународното право и нејзините дипломати да бидат заштитени.

Косињак-Камиш ја обвини Русија за намерно влошување на односите со Полска и Западот.

„Тие едно изјавуваат, друго прават. Гледаме постојани провокации - саботажи, диверзии, нарушувања на воздушниот простор, попречување на GPS сигналите“, рече тој.

Варшава во моментов чека официјална реакција на Москва на протестната нота.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата