САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута

Американскиот Пентагон и Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави за прв пат по воздушен пат транспортираа мал нуклеарен реактор од американската држава Калифорнија до Јута, со што, според наводи на официјалните претставници, е демонстрирана способноста за брза примена на нуклеарната енергија за воени и цивилни потреби.

Реакторот со јачина од пет мегавати, без нуклеарно гориво, е транспортиран со авион Ц-17 од база во Калифорнија до база во Јута на лет долг повеќе од 1.100 километри.

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, и помошникот секретар за одбрана, Мајкл Дафи, го оценија летот како „пробив“ во напорите на САД да го забрзаат одобрувањето за комерцијална употреба на микрореактори, наведуваат светските агенции. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата