САД прифатија луксузен Боинг 747 од Катар како подарок

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД прифатија луксузен Боинг 747 од Катар како подарок

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го одобрил прифаќањето на авионот вреден 400 милиони долари и им дал задача на американските воздухопловни сили да најдат начин брзо да го надградат за употреба како официјален авион на американскиот претседател Доналд Трамп.

Правни експерти го доведоа во прашање законот поврзан со подароци од странски влади, што имаат за цел да спречат корупција и несоодветно влијание.

Трамп ги отфрли етичките загрижености, нагласувајќи дека би било „глупаво“ да не се прифати авионот.

Катарската влада, исто така, ги отфрли загриженостите. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата