САД по првпат потврдија дека распоредиле оружје во земјината орбита

15.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД по првпат потврдија дека распоредиле оружје во земјината орбита

Секретарот на американските воздухопловни сили, Трој Меинк, изјави дека оружјето лоцирано во орбитата е неопходно за заштита на американските сили од непријателски дејства.

Говорејќи на конференцијата за воздух, вселена и сајбер-простор, тој посочи дека САД се подготвени за „закани што еволуираат“, но не даде детали за можностите на оружјето, ниту за тоа кога е поставено во орбитата.

Високи воени претставници претходно изјавија дека планираат да ги зајакнат воените капацитети во вселената, наведувајќи ги руските и кинеските програми за развој на начини за напад и онеспособување на американските сателити во евентуален иден конфликт.

Администрацијата на трамп изјави дека вселенските капацитети, како и пресретнувачките ракети, се клучен дел од планираниот одбранбен систем „златна купола“ , наменет за заштита на сад од ракети и други закани од воздухот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата