САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.
Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.
Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

