САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија

17.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт и премиерот на Словачка, Роберт Фицо вчера во Вашингтон потпишаа меѓувладин договор за продлабочување на соработката во цивилната употреба на нуклеарната енергија, во обид да се намали зависноста на земјата од руските енергетски резерви.

Рајт наведе дека договорот ја одразува „заедничка посветеност на зајакнување на европската енергетска безбедност и суверенитет во наредните децении“.

Додека за Фицо договорот е „значајна пресвртница“ во билатерални односи, но и јасен сигнал дека Словачка и САД се обединети во заедничко стратешко размислување за иднината на енергијата.

Договорот предвидува изградба на нова реакторска единица од 1.200 мегавати на локацијата Јасловске Бохунице.

Постојните нуклеарни централи во Јасловске Бохунице и Моховце покриваат повеќе од половина од потрошувачката на електрична енергија на Словачка, која има население од нешто помалку од 5,5 милиони. Но, централите со советски и руски дизајн се застарени, поради што и австриските антинуклеарни групи протестираа. Јасловске Бохунице се наоѓа на околу 100 километри источно од Виена.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата