САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор

Двете страни постигнаа прелиминарен договор, изјави Ли Ченгганг, заменик-министер за трговија на Кина, по разговорите со американската делегација.

Договорот мора да помине низ внатрешни процеси на одобрување од двете страни, додаде Ли, без да соопшти дополнителни детали.

„Волстрит џурнал“, пак, го цитира американскиот секретар за финансии Скот Бесент, кој изјави дека е воспоставена „успешна рамка“ пред планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја во четврток.

Останува нејасно дали двајцата лидери ќе објават формално решавање на трговскиот спор. Времето е кратко, бидејќи дополнителните тарифи што ги објави Трамп треба да стапат во сила на 1 ноември.

Во текот на викендот, Кина и САД ја одржаа петтата рунда трговски разговори во Малезија со цел решавање на повеќемесечниот конфликт.

Разговорите се фокусираа на повеќе прашања, вклучувајќи ја кинеската контрола на извозот на ретки минерали и метали, како и американските царини за производите кои се увезуваат од Кина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата