САД и Израел ги засилуваат нападите, Иран се заканува со напади на нуклеарни комплекси

5.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Израел ги засилуваат нападите, Иран се заканува со напади на нуклеарни комплекси

Конфликтот на Блискиот Исток и натаму добива пошироки размери. Ирански дронови погодија цели во соседен Азербејџан, што е прв пат кавказка држава да биде мета на напад. Иако Техеран негира, властите во Баку обвинија дека ирански беспилотни летала Шахед го погодиле меѓународниот аеродром во Нахчиван, а претходно и локација близу училиште, 20-ина километри од границата со Иран.

-Кај нас се хоспитализирани четири лица. Нивната состојба е засега стабилна по направените прегледи. , изјави доктор во болницата во Нахчиван

Иран соопшти и дека погодил американски танкер со нафта на северот на Перисискиот залив, откако според информациите, до него допловил мал брод полн со експлозив, потоа активиран со далечински управувач. Израел континуирано напаѓа цели во јужен Либан и во Иран, а снимки од Техеран сведочат за разорните напади. По иранското ракетирање на Кипар, Италија, Шпанија, Франција и Холандија најавија испраќање поморски сили за заштита на островот. По вчерашното соборување иранска ракета во Турција, НАТО вели дека фамозниот член 5 не е на маса.

-Никој не зборува за членот 5. Најважно е што нашите противници вчера видоа дека НАТО е толку силен и толку буден, па дури и побуден, ако е можно, од саботата поради ситуацијата на Блискиот Исток. А, тие гледаат и знаат дека нашата војска е вклучена во ова. , изјави Марк Руте, генерален секратар на НАТО.

Продолжува и американската воена офанзива во Иран, откако синоќа Сенатот со 53 гласа „за“ и 47 „против “застана зад Трамп и ја отфрли релозуцијата на демократите со која се бараше претседателот да не може да наложува воени акции без одобрување на Конгресот. 

-Зошто Доналд Трамп е решен историјата да се повтори? Зошто ја турка Америка директно во војна што Американците не ја сакаат и која не може ни да ја објасни? Доста е. Мора да спречиме уште една војна на Блискиот Исток, изјави Чак Шумер, лидерот на демократите во Сенатот

-Ова (воена операција) се случи 45 пати во последните 47 претседателства. Членот 2 од Уставот, јасно му дава на претседателот не само право, туку и обврска, како и неговата заклетва, да ги заштити САД, вели Џејмс Рич, претставник на републиканците во Сенатот

Американскиот претседател Трамп си даде повеќе од максимална оценка за досегашната акција во Иран.

На воениот фронт ни оди многу добро, благо речено, би рекол. Некој праша: „На скала од 10, каде би ја оцениле (операцијата)?“ Јас реков: Околу 15. И ќе продолжиме да се справуваме добро. Имаме убедливо најдобра војска во светот. , изјави Доналд Трамп.

Во шестдневните напади врз Иран, според агенциите во Техеран, досега загинале над 1.300 луѓе.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата