„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“

29.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“

Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), денеска изјави дека чувствува желба кај Соединетите Американски Држави (САД) и Иран да се вратат на преговарачката маса, додавајќи дека е подготвен да помогне во тој процес.

Во интервју за „РИА Новости“, тој оцени дека продолжувањето на преговорите е од суштинско значење и треба да се случи што е можно поскоро.

„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.

САД и Иран моментално одржуваат индиректен контакт преку катарско посредување.

Како што претходно објави „Ројтерс“, посредниците одржуваат одвоени консултации со американската и иранската страна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и претставниците на Катар остануваат во САД.

Една од главните теми на консултациите беше изменета верзија на седумдневниот план за отворање на Ормускиот Теснец, предложен од Техеран.

Иранската нуклеарна програма, исто така, останува клучно прашање во однос на потенцијалното продолжување на дијалогот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата