САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти

24.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти

Тие се идентични со почетната стапка објавена од Доналд Трамп, и покрај последователните закани дека ќе изнесуваат 15 проценти.

Како одговор на одлуката на Врховниот суд со која се поништуваат неговите „итни“ тарифи, Трамп во петокот објави нови привремени глобални тарифи од 10 отсто, за во саботата тој да рече дека ќе ги зголеми на 15 отсто.

Царинската служба соопшти дека, освен за производите наведени како предмет на ослободување, увозот „ќе биде предмет на дополнителна ad valorem стапка од 10 отсто.“

Овој потег внесе дополнителна конфузија околу трговската политика на САД, особено затоа што не беше објаснето зошто е користена пониската стапка.

Според одлуката на Врховниот суд САД од денеска не собираат нелегални царини. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата