Руте: Сојузниците на НАТО ќе мора да ја засилат безбедноста на Арктикот

22.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте: Сојузниците на НАТО ќе мора да ја засилат безбедноста на Арктикот

Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос рече дека првите резултати од зголемувањето на безбедноста на Арктикот ќе бидат видливи во текот на оваа година.

- Ќе се собереме во НАТО со нашите високи команданти за да разработиме што е потребно. Не се сомневам дека тоа можеме да го направиме прилично брзо. Секако се надевам во 2026 година, се надевам дури и на почетокот на 2026 година, рече Руте. Тој истакна дека сега командантите на НАТО треба да ги разработат деталите за дополнителните безбедносни барања, како и дека е сигурен оти членките на НАТО, кои не се блиску до Арктикот, исто така ќе сакаат да придонесат.

Руте рече дека за време на разговорот со Трамп не била покрената темата за експлоатација на критичните минерали на Гренланд. Според него, напорите за засилување на безбедноста на Арктикот нема да влијаат врз ресурсите за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија. Истакна дека специфичните преговори за Гренланд ќе продолжат меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд, кој е автономна данска територија.

Руте кажа дека со Трамп разговарал и за тоа како да се осигура безбедноста на седумте арктички земји и како може да се осигура НАТО да го обезбеди Арктикот.

- Разговаравме како да се осигура дека Русите и Кинезите нема да добијат пристап до гренландската економија или во воена смисла, додаде Руте.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата