Руското МО тврди дека во текот на изминатата ноќ пресретнало 184 украински дронови

7.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руското МО тврди дека во текот на изминатата ноќ пресретнало 184 украински дронови

Дроновите беа соборени над руските региони Курск, каде што беа неутрализирани 62 авиони, и Белгород, каде што беа неутрализирани 31, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Русија вчера објави дека пресретнала повеќе од 250 украински беспилотни летала и дека две лица се убиени во украински напад во градот Белгород, во истоимената област на границата со Украина.

Во регионот Белгород утринава околу 1.000 лица се уште беа без електрична енергија, како резултат на нападите со дронови врз енергетската инфраструктура, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.

Истовремено, Москва во последните неколку дена ги интензивираше нападите врз електроенергетската мрежа на Украина, што предизвика стравувања дека земјата би можела да остане без греење и електрична енергија во текот на зимата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата