Руски војници снимиле како ликвидираат шест украински заробеници (Вознемирувачко видео)

23.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски војници снимиле како ликвидираат шест украински заробеници (Вознемирувачко видео)

Руските војници под команда на претседателот Владимир Путин се обвинети за ново воено злосторство, откако е објавено видео на кое се гледа како џелат им наредува на своите колеги да го снимат ладнокрвното убиство на најмалку шест украински воени заробеници.

Властите во Киев покренаа кривична истрага и ова монструозно убиство е пријавено во Обединетите нации и Црвениот крст, објави Дејли Меил.

На видеото, руските војници во окупираниот регион Доњецк се снимаат како ја прекршуваат Женевската конвенција за постапување со воените заробеници. Еден од руските војници вели:

„Овој е мој. Дајте ми две пушки“, вели тој додека воените затвореници лежат со лицето кон земја додека окупаторите одлучуваат да ги убијат.

„Земете ја камерата. Земете го телефонот, земете го телефонот, снимајте ме“, се слуша како вели друг руски војник.

Во еден момент, најмалку двајца Руси ги убиваат клекнатите жртви одзади, додека други се убиени додека одат кон местото на убиството.

Украинскиот народен обвинител за човекови права Дмитро Лубинец се огласи и објави дека е покрената истрага за ова кривично дело:

„Руската армија никогаш не била позната по својот достоинствен однос кон воените заробеници и тука уште еднаш ја покажува својата немоќ и криминалност.“

Тој испрати детали за злосторствата до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Убиството на воени заробеници претставува сериозно кршење на Женевската конвенција во однос на постапувањето со воените затвореници и е класифицирано како тешко меѓународно кривично дело.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата