Руски воен авион навлезе во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски воен авион навлезе во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

 Руски воен авион денеска влегол во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја без претходно предупредување, соопшти јужнокорејското Министерство за национална одбрана.

Руски воени авиони осум пати влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Јужна Кореја од 11 март до денес, соопшти Министерството.

Министерството за национална одбрана на Јужна Кореја соопшти дека поднело жалба до руското воено аташе во врска со случајот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата