Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Руски пратеник: Ајде веднаш да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Нема режим во Киев, има режим во Вашингтон. Во Киев има лакеи кои го прават токму она што им е кажано“, рече Гуруљов.

„Русија е единствената земја што може да претставува закана за целата територија на САД. Таа закана ќе ги освести сите нечистотии во Вашингтон“, рече тој и потоа повика на уништување на Британија.

„Сега е крајно јасно дека кога ќе кажеме „ајде да кренеме нешто во воздух“, ќе го направиме тоа. Да ја уништиме Британија веднаш, без да го искористиме нашиот стратешки нуклеарен потенцијал. И веднаш потоа сите ќе седнат и ќе почнат да разговараат со нас како што треба“.

Гуруљов, пишува Sky News, често имал вакви испади во јавноста. Тој претходно се закани дека ќе ја нападне Алјаска со проектили и рече дека Советскиот Сојуз „не отишол доволно далеку“ за време на Втората светска војна.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ