Русите со реакција на идејата на Трамп за Украина: Да ги наречеме работите со вистинско име

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русите со реакција на идејата на Трамп за Украина: Да ги наречеме работите со вистинско име

„Ова е предлог Украина да купи американска помош, односно повеќе да не ја добива бесплатно или на некој друг начин, туку на комерцијална основа“, рече Песков, додавајќи дека е подобро да не се дава никаква помош на официјални лица од  Киев и на тој начин да се придонесе за ставање крај на конфликтот, се вели во извештајот на агенцијата Интерфакс.

Повикувајќи се на неименувани извори, Њујорк Тајмс и Фајненшл Тајмс претходно објавија дека Украина е подготвена да соработува со САД на полето на експлоатација на ретки метали во замена за долгорочни гаранции дека овие ресурси нема да стигнат до Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака да постигне договор со Украина за добивање пристап до метали познати како „ретки минерали“ и нагласи дека тоа е услов за континуирана поддршка на САД во војната против Русија.

Говорејќи пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, Трамп се пожали дека САД испратиле повеќе воена и економска помош за Украина отколку нивните европски партнери.

„Сакаме да склучиме договор со Украина каде што ќе го компензираме она што им го даваме со нивните „ретки минерали“ и други работи“, нагласи американскиот лидер, објави претходно Асошиејтед прес.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата