Русија синоќа уништи 121 украински дрон, Украина собори 64 од 150 руски дронови

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија синоќа уништи 121 украински дрон, Украина собори 64 од 150 руски дронови

Дежурните системи за воздушна одбрана уништија 121 беспилотни летала од типот авиони, вклучувајќи 89 над територијата на Република Крим, 23 над Црното Море, четири над Краснодарската територија, два над Орјолската област и по еден над Азовското Море, Брјанската област и Белгородската област, прецизираше Министерството.

Украинските воздухопловни сили денеска објавија дека Русија испратила 150 беспилотни летала против Украина во напад синоќа, објавија украинските медиуми. 

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 64 од нив, додека други 62 дронови не ги достигнале своите цели, веројатно поради ефектите од електронското војување. Не е прецизирано што се случило со преостанатите 24 дронови. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата