Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русија прави воен сојуз со Кина?

26 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во телевизиско интервју дека воената соработка на неговата земја со Кина не е создавање на воен сојуз, пренесува ТАСС.

„Тоа е апсолутна лага“, изјави рускиот претседател во интервју за ТВ каналот „Русија-24“, на прашањето дали соработката меѓу Москва и Пекинг претставува закана за Западот.

„Не правиме никаков воен сојуз со Кина. Да, соработуваме и на планот за воено-техничка соработка, не го криеме, но тој е транспарентен, нема ништо тајно во тоа“, рече Путин.

Според него, Москва развива воена соработка со Пекинг, вклучително и заеднички вежби. Патем, не само со Кина, туку и со други земји“.

„И сега продолжуваме да го правиме тоа, и покрај развојот на настаните во Донбас, Запорожје и Керсон. Сето ова е транспарентно и не се работи за воен сојуз“, рече Путин, пренесува ТАСС.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ