Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русија ги затвора дипломатските претставништва во Германија

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Овој потег доаѓа откако Русите го ограничија бројот на вработени во германската амбасада и сродните тела во Русија. Кремљ најави дека само 350 германски дипломати можат да останат на руска територија.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави за новинарите во Берлин дека Русија има конзулати во Бон, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и Минхен. Бургер рече дека на Русија ќе ѝ биде дозволено да ја продолжи работата на амбасадата во Берлин и уште еден конзулат по крајот на годината.

Руската влада неодамна објави дека максимум 350 германски владини службеници, вклучително и оние кои работат во културни тела и училишта, би можеле да останат во Русија. Тоа значи дека Германија до ноември ќе мора да ги затвори конзулатите во Екатеринбург, Новосибирск и Калининград. Отворени ќе останат само амбасадата во Москва и конзулатот во Санкт Петербург.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ