Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“

15.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“

- Не сакаме Европа да биде зависна и не сакаме Европа да биде вазал на САД, туку да биде партнер - наведе Рубио по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Рубио се осврна и на наводите на пет европски држави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен од токсин на жаба односно со епибатидин, силен нервен токсин, добиен од отровна жаба во Јужна Америка.

Тој потенцира дека тоа е вознемирувачко и оти САД немаат причина да се сомневаат во тврдењето на Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија.

Тие држави дошле до таков заклучок. Тие ја координирале студијата. Ова не значи дека ние го оспоруваме или се обидуваме да се дебатираме со овие земји околу резултатите. Но, тоа е нивниот став, нагласи Рубио.

Русија повеќе пати демантираше дека е вмешана во смртта на Навални, кој почина во затвор на 16 февруари 2024 година на 47-годишна возраст.

Претходно, Фицо изјави дека Словачка се надева дека следната година ќе потпише договор со американската компанија „Вестингхаус“ за водење на конзорциум за изградба на нова нуклеарна централа. Тој, исто така, посочи дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата