Рубио повторно вети дека САД ќе ги заштитуваат сојузниците- иранските напади стигнаа до Бахреин

17.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио повторно вети дека САД ќе ги заштитуваат сојузниците- иранските напади стигнаа до Бахреин

„Државниот секретар ги осуди нападите на Иран врз Бахреин и ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави на безбедноста на Бахреин и сите наши партнери во Заливот“, се вели во соопштението, според Ројтерс.

Иран лансираше беспилотни летала врз американските бази во Бахреин во неделата, додека Бахреин соопшти дека пресретнал и уништил неколку ирански воздушни напади.

Ова беше прв пат од септември воздушната одбрана на Бахреин да пресретне ирански напади.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американска воена база во Бахреин со шест беспилотни летала, според иранската новинска агенција Фарс, како одговор на „непријателските американски акции“.

Два дена претходно, гардата тврдеше дека нападнала американски радарски објект за рано предупредување во земјата.

Американската војска го негираше ова, наведувајќи дека пресретнала два ирански беспилотни летала и дека не е предизвикана никаква штета.

Бахреин има статус на главен сојузник на САД кој не е член на НАТО.

Конфликтот со Иран започна на 28 февруари, кога САД и Израел ја нападнаа земјата, на што Техеран одговори со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата