Затворската управа на Венецуела пред два дена соопшти дека од затвор се ослободени 116 лица.
Венецуелската невладина организација „Форо Пенал“ која пружа правна помош на притворените лица соопшти дека од почетокот на годината приведени се најмалку 800 политички затвореници.
Владата на Венецуела тврди дека приведените не се политички затвореници туку лица обвинети за легитимни кривични дела.

