Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти

Џанини додаде дека ист број полицајци биле ангажирани и на неодамнешниот погреб на папата Франциск.

- За церемонијата на интронизација на понтифот очекуваме голем број верници, па ќе ги повториме безбедносните мерки од погребот на папата Франциск, рече Џанини по првата седница на Провинцискиот комитет за ред и безбедност по изборот на папата Лав Четиринаесетти.

Џанини објасни дека ќе бидат вклучени над 5.000 полицајци, кои ќе имаат специјализиран персонал за придружба и јавен ред, снајперисти, нуркачи, воздушна поддршка од военото воздухопловство и системи за спречување на дронови.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата