Реза Пахлави нападнат во Берлин

23.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реза Пахлави нападнат во Берлин

 Инцидентот се случил додека Пахлави ја напуштал прес-конференцијата, за време на која го критикувал прекинот на огнот меѓу САД и Иран.

Напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата.

Пахлави е син на последниот ирански шах Реза Пахлави, кој беше соборен од власт во 1979 година.

Пахлави, кој не се сретна со официјални лица во Берлин, денеска изјави дека договорот за прекин на огнот „претпоставува дека однесувањето на иранската влада ќе се промени“, но дека тоа нема да се случи.

„Не мислам дека тоа ќе се случи. Не велам дека на дипломатијата не треба да ѝ се даде шанса, но мислам дека ѝ се дадени доволно шанси“, рече Пахлави.

Пахлави ја поддржа воената интервенција на САД и Израел на Блискиот Исток. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата