Расте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)

19.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)

Сите жртви биле патници во минибусот, додаде Виа Араукарија.

Патот бил целосно блокиран по несреќата и немало проценка кога сообраќајот ќе се врати во нормала, соопшти операторот на патиштата.

Според прелиминарниот извештај од Федералната сообраќајна полиција на Бразил, повеќето од жртвите биле патници во минибусот, кој припаѓа на здравствената служба на општината Имбитува, град во истата област. Возачот на камионот, исто така, загинал во несреќата. Пет повредени лица биле спасени и однесени во болниците во Понта Гроса, објавува CNN Brasil.

Според првичните информации, камионот преминал во спротивната лента и се судрил челно со минибусот. Екипите во моментов го истражуваат местото на настанот и ги отстрануваат возилата за да соберат докази и да ги утврдат точните околности и текот на несреќата.

Камионот се движел од Карамбеј до Прудентонополис, додека минибусот се движел од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба. Според информациите од Федералната сообраќајна полиција, камионот имал регистарски таблички од градот Ересао, на север од државата Рио Гранде до Сул.

На местото на несреќата интервенираат припадници на Цивилната полиција, Федералната сообраќајна полиција, службата за итни случаи SAMU, форензичката полиција, противпожарната служба, како и екипи од концесионерот што управува со патот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата