Расмусен задоволен од разговорите за Гренланд во Вашингтон

29.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расмусен задоволен од разговорите за Гренланд во Вашингтон

- Вчера во Вашингтон го имавме првиот состанок на високо ниво за прашањето за Гренланд. Работите не се решени, но се помина добро, во многу конструктивна атмосфера и тон“, нагласи тој, додавајќи дека се планирани понатамошни состаноци. Денеска сум малку пооптимист отколку што бев пред една недела, изјави Расмусен пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Идејата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземе контролата врз Гренланд предизвикаа една од најсериозните кризи во историјата на НАТО.

Данска и Гренланд досега отфрлија каков било пренос на суверенитет, тврдејќи дека арктичката територија не е на продажба.

- Го кажав ова во неколку наврати, секако ги споделуваме безбедносните загрижености на САД поврзани со Арктикот и ова е прашање што сакаме да го решиме преку тесна соработка, посочи Расмусен.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио вчера потенцира  дека може да се најде решение од кои „сите“ ќе бидат задоволни.

- Ќе има технички состаноци меѓу нас и нашите партнери на Гренланд и во Данска за ова прашање и верувам дека воспоставивме процес што ќе доведе до позитивен исход за сите, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Доналд Трамп редовно тврди дека контролата врз Гренланд е клучна за безбедноста на САД и ја обвинува Данска, а пошироко и Европејците, дека не успеале соодветно да ја заштитат оваа стратешка територија од амбициите на Русија и Кина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата