Путин: Средбата со Виткоф и Кушнер беше многу корисна

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин: Средбата со Виткоф и Кушнер беше многу корисна

Во интервју за „Индија тудеј“, Путин рече дека предлозите што американските преговарачи ги донесоа во Москва се засновани на договорите меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска, но, исто така, истакна дека постигнувањето консензус е „тешка задача“.

Американската страна ги подели 27-те точки од планот на Трамп во четири пакети и предложи да се разговара за нив одделно, рече рускиот претседател.

Путин објасни дека морал да ја разгледа речиси секоја точка од планот, поради што состанокот со американската делегација траел толку долго, околу пет часа.

На средбата имало прашања со кои Русија не се согласувала, а страните разговарале за нив, рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, истакна дека жителите на регионите Доњецк и Луганск во Украина (т.н. ДНР и ЛНР) не сакаат да живеат со Украина и тоа го изразија на референдум.

„Русија ѝ предложи на Украина да ги повлече своите трупи од Донбас и да не започнува воени операции, но Киев одлучи да влезе во војна“, рече Путин.

Тој изјави дека Русија ќе ги ослободи Донбас и Новорусија „во секој случај, со воени или други средства“.

Путин, исто така, рече дека Русија се обидува да изгради односи меѓу ДНР и ЛНР и Украина, но дека Киев не ги признава.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата