Путин сака да се сретне со Трамп во Будимпешта- се огласи по средбата со Орбан

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин сака да се сретне со Трамп во Будимпешта- се огласи по средбата со Орбан

Путин, за време на средбата со Орбан, нагласи дека доколку преговорите со САД доведат до тоа, тој би бил среќен средбата да се одржи во унгарскиот главен град.

„Доколку нашите преговори доведат до користење на Будимпешта, би бил многу среќен за тоа и би сакал да ви се заблагодарам за вашата подготвеност да помогнете“, рече Путин.

Путин рече дека и Русија и Америка имаат добри односи со Унгарија.

„Тоа беше понудата на Трамп. Тој веднаш рече: „Имаме добри односи со Унгарија, вие имате добри односи со Виктор, јас имам, еве ја предлагам оваа опција“. Секако, со задоволство ќе се согласиме“, рече Путин.

Рускиот претседател му се заблагодари на унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговиот став за евентуален самит Русија-САД во Будимпешта.

„Ви благодарам за вашиот одговор во врска со евентуалната средба меѓу мене и претседателот на Соединетите Американски Држави во вашата земја“, рече Путин.

Зборувајќи за средбата со Орбан, Путин рече дека двајцата лидери можат отворено да разговараат, што „им овозможува да најдат решенија за секој проблем“.

„Создадовме атмосфера што ни овозможува отворено да зборуваме и да разговараме за сите прашања. Ова ни дава можност не само да разговараме, туку и да бараме решенија за секој проблем“, рече Путин.

Да потсетиме, Орбан претходно изјави дека има намера да разговара за енергетската соработка со Русија на средбата со Путин.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата