Путин нема да оди на преговори во Истанбул- неговиот помошник ќе преговара со Украинците

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин нема да оди на преговори во Истанбул- неговиот помошник ќе преговара со Украинците

„Одобрен е следниот состав на делегацијата на Руската Федерација за преговори со Украина: Владимир Медински - помошник на претседателот на Руската Федерација (шеф на делегацијата), Михаил Галузин - заменик-министер за надворешни работи на Руската Федерација (член на делегацијата), Игор Костјуков - началник на Главната дирекција на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација (член на делегацијата), Александар Фомин - заменик-министер за одбрана на Руската Федерација (член на делегацијата)“, се вели во соопштението, пренесе Туркије Тудеј.

Составот на експертите е исто така одобрен, а во него се вклучени: Зорин Александар - прв заменик-началник на информатичката служба на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, Подобреевска Елена - заменик-началник на Претседателската администрација на Руската Федерација за државна политика во хуманитарната сфера, Полишчук Алексеј - директор на Вториот оддел за земјите од ЗНД при Министерството за надворешни работи на Русија и Шевцов Виктор - заменик-началник на Главната дирекција за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана на Русија.

Почетокот на руско-украинските преговори е најавен за утре во Истанбул.

Претходно денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека чека да види кој ќе ја претставува Русија на претстојните преговори во Турција пред да одлучи за следните чекори.

„Чекам да видам кој ќе пристигне од Русија, а потоа ќе утврдам какви чекори треба да преземе Украина. Сигналите во медиумите досега не се убедливи“, рече Зеленски.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин, наместо да размислува за преговори, „продолжува да ја напаѓа Украина“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата