Путин и Си Џинпинг разговараа преку видео-конференциска врска

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин и Си Џинпинг разговараа преку видео-конференциска врска

Кинеската Нова година е на 29 јануари. Путин во оваа пригода на народот на Кина му посака мир и просперитет, а на Си, во духот на познатата кинеска поговорка, му посака среќа 10.000 години.

Пекинг се претставува како неутрален по прашањето за војната во Украина и поддржува мирно решавање на конфликтот, потсетуваат агенциите. Кина останува клучен економски и политички партнер на Москва и никогаш не ја осуди Русија за започнување на конфликтот. Ова ги натера лидерите на НАТО да кажат дека Кина има клучна улога во војната што ја води Русија против Украина.

Сега, во разговорот Путин му рекол на Си дека односите на Москва и Пекинг во надворешната политика имаат стабилизирачка улога во меѓународните работи, пренесуваат светските агенции./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата