Пукотница на границата меѓу САД и Мексико: прекинати се летовите, затворен е конзулатот на САД

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница на границата меѓу САД и Мексико: прекинати се летовите, затворен е конзулатот на САД

Насилството во Нуево Ларедо, јужно од Тексас, следеше по апсењето на водачот на локалниот картел Рикардо Гонзалес, познат како „Ел Рики“, објави Си-Би-Ес Њуз.

Американскиот конзулат во Нуево Ларедо издаде безбедносна тревога, во која се наведува дека „добиле извештаи за повеќе вооружени судири низ градот“. На американските власти им е препорачано да се евакуираат, се додава во соопштението.

Неколку часа подоцна, конзулатот објави дека ќе биде затворен „поради вонредната состојба во градот“.

Аеродромот во Нуево Ларедо ги откажа летовите и се очекува да ги презакаже, изјави градоначалничката Кармен Лилија Кантурос на социјалните мрежи. Претходно локалните власти побараа од граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Овој инцидент се случил приближно една недела откако американскиот конзулат во Мексико издаде предупредувања за борбени судири, киднапирања и импровизирани експлозивни направи (IED) во пограничните области на Мексико.

„ИЕД сѐ повеќе се произведуваат и користат од криминалните организации во овој регион“, соопшти конзулатот, истакнувајќи дека ИЕД уништил возило на мексиканската влада во Рио Браво на 23 јануари и повредиле еден патник.

Дополнително, американскиот Стејт департмент минатата недела издаде предупредување за патување во мексиканската држава Тамаулипас, која граничи со Нуево Ларедо.

„Организираните криминални активности – вклучувајќи вооружени конфликти, убиства, вооружени грабежи, киднапирања, насилни киднапирања, изнуда и сексуални напади – се вообичаени долж северната граница“, се вели во предупредувањето.

Судирите се вообичаени во Нуево Ларедо, еден од мексиканските градови најмногу погодени од насилство поврзано со дрога. Во октомври, активисти за човекови права и роднини ја обвинија армијата и војниците на Националната гарда за смртта на медицинска сестра и осумгодишно девојче во тој град.

Вчера мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум објави дека ќе распореди 10.000 војници на мексиканско-американската граница под зголемен притисок од Вашингтон да го запре шверцот со дрога.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата