Извештајот за авионската несреќа, како главна причина за несреќата, во која едно лице загина, а три се повредени, укажува на човечка грешка, пренесува литванскиот јавен сервис ЛРТ.
Pilot error is the only version of the DHL plane crash near Vilnius, assumptions about external influence or equipment malfunction were not confirmed, and the company's reduction of the pilots' rest time between flights also played a role, the Lithuanian portal 15min-lt reported,… pic.twitter.com/2uRgcksW3Q
— Levan Gudadze (@GudadzeLevan) January 29, 2025
Првично, биле разгледани неколку верзии на падот на Боингот: технички дефект, надворешно влијание и пречки при слетувањето, но иследниците се склони да ја прифатат верзијата на пилотска грешка. Обвинителите кои ја водат истрагата се уште не донеле конечни заклучоци.
Товарниот авион кој летал за DHL од Лајпциг, Германија, за Вилнус, се урнал во станбена зона во близина на аеродромот.
Во несреќата загина 48-годишниот пилот, а тројца членови на екипажот, државјани на Литванија, Германија и Шпанија, се повредени и хоспитализирани.
По катастрофата, 13 лица биле евакуирани од околните згради, а паднатиот авион бил целосно уништен, а соседните магацини и автомобил запалени.