Проруска хакерска група презеде одговорност за нападот врз Француската пошта

24.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проруска хакерска група презеде одговорност за нападот врз Француската пошта

Групата „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта.

„Нонејм057“ е обвинеа и за други кибернапади во Европа, вклучително и за напад врз Самитот на НАТО, што во јуни се одржа во Холандија.

Централните компјутерски системи на француската пошта пред два дена беа уништени од ДДоС (DDoS) напад при што биле откажани сите испораки на пакети и писма, а исто така биле прекинати и онлајн банкарските плаќања.

Франција и другите европски сојузници на Украина тврдат дека Русија води хибридна војна насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на нивната поддршка за Киев.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата