По околу два часа, тие ја напуштија зградата откако универзитетот им се закани дека ќе поднесе пријава за нелегален влез, изјави портпаролот на полицијата. Потоа полицајците ги обезбедија влезовите во универзитетската зграда.
Ќе добијат кривична пријава
Техничкиот универзитет во Минхен, исто така, соопшти дека активистите пишувале слогани на внатрешните ѕидови на зградата.
Studierende der TU München haben am Freitag gegen die Zusammenarbeit ihrer Hochschule mit Israel protestiert und dem Uni-Präsidenten „Komplizenschaft“ beim Gaza-Genozid vorgeworfen. Es geht um umstrittene Partnerschaften mit israelischen Militär- und Technologieunternehmen. pic.twitter.com/F7Cfy6CrYr
— TRT Deutsch (@TRTDeutsch) November 8, 2025
Портпаролот на универзитетот изјави дека ќе поднесат кривични пријави за предизвикување штета на имот, додавајќи дека нема да толерираат вакви протестни акции во иднина и дека на нивниот универзитет нема место за антисемитизам.
Студентскиот собир се одржа под мотото „Студентите против учеството на Техничкиот универзитет во Минхен - Стоп на истражувањата за апартхејдот“. По околу два часа, активистите ја напуштија зградата кога универзитетот им се закани со обвиненија за нелегален влез, а потоа полицијата ги обезбеди сите влезови во универзитетската зграда.
Во петокот вечерта, околу 500 демонстранти маршираа низ баварската престолнина, објави полицијата, додавајќи дека немало други инциденти и дека биле распоредени околу стотина полицајци.

