Полицијата била повикана да истражи, а приказната ја пренесоа локалните медиуми.
Апел до сите купувачи
Првиот од низата инциденти беше регистриран на 5 декември, кога еден купувач пронашол, ни помалку ни повеќе, жилет во векна леб! Истото беше пријавено три дена подоцна во друг супермаркет.
Вработените ја проверија останатата стока на полиците и сфатија дека некој поставил жилет на неколку места. Полицијата веднаш беше известена и беше покрената истрага.
„Волмарт“ апелираше до купувачите кои купиле леб во последните денови во градот Билокси да пријават какви било неправилности, објавува ABC News.
Уапсена жена од Тексас
„Здравјето и безбедноста на нашите купувачи се наш приоритет. Ги отстранивме и темелно ги проверивме сите потенцијално засегнати производи во продавниците во Билокси. Го цениме брзиот одговор на органите за спроведување на законот и продолжуваме да соработуваме со нив за време на истрагата“, се вели во соопштението.
Кратко време подоцна, полицијата објави дека ја уапсила Камила Бенсон (33) од Тексас, под сомнение за обид за убиство.
Истрагата ќе утврди дали таа е одговорна за поставувањето на жилетите и, доколку е така, зошто го сторила тоа.

