Преговорите меѓу Иран и САД ќе се одржат во Женева следната недела, потврди швајцарското ФМНР

14.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преговорите меѓу Иран и САД ќе се одржат во Женева следната недела, потврди швајцарското ФМНР

Швајцарија ги поздравува тие преговори и изрази подготвеност да „поддржи секаква иницијатива насочена кон деескалација на тензиите“.

Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат разговори со иранските претставници во вторник во Женева, со посредство на претставници на Оман, јавија претходно американски медиуми повикувајќи се на неименувани претставници. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата