Во исто време, тој нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена заштита.
„Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд денес веќе се грижи за тоа, а Данска би интервенирала доколку има потреба од тоа“, порача министерот.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил да се испрати болнички брод во Гренланд, данска територија за која постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД.
Најавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран член на екипажот на американска подморница, кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Нук.
Не е сосема јасно каква врска има гувернерот Ландри со случајот. Американската морнарица има два болнички брода, „Мерси“ и „Комфорт“, но ниту еден не е стациониран во Луизијана.

