Последното видео од Германката пред да биде убиена: НЕСВЕСНА ДЕКА ЌЕ СЛЕДИ УЖАС (ВИДЕО)

9.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Последното видео од Германката пред да биде убиена: НЕСВЕСНА ДЕКА ЌЕ СЛЕДИ УЖАС (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео за кое се верува дека е снимено пред да биде убиена германската државјанка од милитантите на Хамас во Израел во саботата.

Шани Лук (30) била на музички фестивал кога била заробена од терористите во Израел, по што нејзиното безживотно, полуголо тело било снимено во комбето на членовите на Хамас, додека оние околу неа слават. На социјалните мрежи се појави видео, за кое се верува дека е креирано пред да биде убиена.

На него може да се види како Лук танцува и се смее, опкружена со други посетители на музичкиот фестивал, кои добро се забавуваат. Потоа доаѓа до ненадеен напад на Хамас.

Да потсетиме, Израел официјално објави војна во неделата на 8 октомври, за прв пат по Октомвриската војна во 1973 година.

Во нападите што почнаа во саботата наутро, досега се убиени најмалку 700 Израелци и 400 Палестинци, додека повеќе од 2.100 луѓе се повредени

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата