Пораката на Трамп ја симна цената на нафтата под 100 долари за барел

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пораката на Трамп ја симна цената на нафтата под 100 долари за барел

Конфликтот би можел да заврши за две до три недели, без разлика на епилогот од преговорите со Иран, американскиот претседател Трамп со досега најоптимистичка порака, која експресно ја симна нафтата под 100 долари за барел, а европските берзи забележаа силен раст.

-Ако дојдат на маса, ќе биде добро. Но, независно дали ќе дојдат. Ги вративме назад. Ќе им бидат потребни 15-20 години за да го обноват тоа што им го уништивме. Имав една цел. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Таа цел е постигната, нема да имаат нуклеарно оружје. Ја завршуваме работата. Мислам дека можеби за две недели и неколку дена повеќе ќе ја завршиме работата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Подоцна, тој во интервју за „Телеграф“ повторно предупреди дека сериозно размислува да го напушти НАТО, нарекувајќи го „хартиен тигар“ поради неодлучноста на сојузниците да помогнат во мисијата во Иран. Стигна одговор од Лондон.

-Ова не е наша војна. Нема да бидеме вовлечени во конфликтот. Каков и да е притисокот врз мене и другите, без разлика на бучавата, ќе работам за британскиот национален интерес со сите одлуки што ги носам. , изјави Кир Стармер, премиер на Британија.

Паралелно со политичката криза меѓу сојузниците, се нижат и предупредувањата за продлабочување на енергетската криза, чии последици допрва ќе ги почувствува и Европа, веќе кон крајот на април, оцени првиот човек на меѓународната агенција за енергетика.

-Загубата на нафта во април ќе биде двојно поголема од загубата во март. Рефлексот (на Европа) беше побавен од другите. Тоа е прашање на Азија, на Блискиот Исток. Не, не, не. Енергетските пазари се глобални. Првото прашње е дека европските влади треба да сфатат дека тоа е голем проблем што ќе се појави во Европа. , изјави Фатих Бирол, шеф на меѓународната агенција за енергетика

Австралија, пак, ги повика граѓаните да штедат гориво.

-Ако тргнувате на пат, не земајте повеќе гориво отколку што ви е потребно. Само наполнете како и вообичаено.  Во текот на наредните недели, ако можете користете воз, автобус или трамвај до работа. Месеците пред нас можеби нема да бидат лесни. Сакам да бидам директен. Ниту една влада не може да вети дека ќе ги елиминира притисоците што ги предизвикува оваа војна.  , изјави Ентони Албанезе, премиер на Австралија

Цената на суровата нафта Брент во март забележа раст од дури 64 проценти, што претставува најголем месечен скок од Заливска војна пред 35 години.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата