Поплави во Индонезија: Најмалку 883 загинати, а над 500 луѓе се водат како исчезнати

6.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поплави во Индонезија: Најмалку 883 загинати, а над 500 луѓе се водат како исчезнати

Службата посочи дека овие податоци ја одразуваат ситуацијата во три провинции – Ачех, Северна Суматра и Западна Суматра – кои се погодени од интензивни врнежи кои траат со денови.

Најмалку 4.200 луѓе се повредени во лизгањата на земјиштето, од кои 3.500 се жители на села лоцирани на стрмни терени.

Најголем е бројот на жртви во провинцијата Ачех – 345, а 174 се водат како исчезнати.

Властите во Северна Суматра ја потврдија смртта на 312 лица, а 133 се водат како исчезнати. Западна Суматра пријави 226 загинати и 213 исчезнати.

Службата за борба против катастрофи предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи спасувачките тимови сè уште не стигнале до некои изолирани области. Работата на спасувачите е отежната поради уништените мостови и блокираните патишта. Во некои населени места со денови нема струја, чиста вода и пристап до телекомуникациски услуги.

Еколошките организации го поврзуваат обемот на уништувањето со брзото уништување на шумите и градењето на ридови во некои делови на Суматра. Индонезија често е погодена од поплави и лизгања на земјиштето за време на сезоната на монсуни. Сепак, експертите велат дека климатските промени придонесуваат за поекстремни временски појави низ целиот регион.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата