По одлуката на Апелацискиот суд во Париз, Саркози попладнево ослободен од затвор

10.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По одлуката на Апелацискиот суд во Париз, Саркози попладнево ослободен од затвор

Пред три недели, Саркози почна да ја отслужува петгодишната затворска казна за измама поврзана со финансирањето на претседателската кампања во 2007 година, бидејќи нелегално примил пари од Либија.

Саркози беше виден како пристигнува во својот дом во западен Париз кратко откако неговиот автомобил го напушти затворот Ла Санте. Пред судот беа видени и двајцата негови синови, Жан и Пјер Саркози.

На Саркози му е забрането да ја напушти територијата на Франција и да биде во контакт со други обвинети и сведоци во овој случај, објави судот.

Саркози стана првиот француски претседател во модерното време осуден на затвор, иако тој за цело време од постапката негираше каква било одговорност.

За време на денешното рочиште, Саркози, зборувајќи од затвор преку видео врска тврдеше дека отсекогаш ги исполнувал „сите барања на правдата“.

„Никогаш не замислував дека ќе доживеам затвор на 70-годишна возраст. Оваа мака ми беше наметната и ја преживеав. Тешко е, многу тешко“, рече тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата