Пит Хегсет се огласи за нападот врз училиштето во Иран- првиот ден од војната загинаа 170 девојчиња

30.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пит Хегсет се огласи за нападот врз училиштето во Иран- првиот ден од војната загинаа 170 девојчиња

Хегсет, одговарајќи на прашања од членовите на Комитетот за вооружени сили на американскиот Конгрес, рече дека „несреќната ситуација сè уште е под истрага“, пренесува CNN.

Во ракетен напад врз основното училиште „Шаџаре Тајебех“ во градот Минаб во јужен Иран на 28 февруари загинаа околу 170 луѓе, претежно деца и ученички, а иранските власти за нападот ги обвинија американско-израелските сили, додека прелиминарните извештаи укажуваат на можна грешка во таргетирањето.

Американските медиуми претходно објавија дека тековните истраги сугерираат дека нападот можеби е резултат на грешка на американската војска, поради застарени разузнавачки податоци.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата