Хасан Ал-Гавил, кој ја води истрагата, рече дека станува збор за тела на луѓе со темна кожа. Нивното пронаоѓање на плажата Емхамид Ал-Шариф во западниот дел од градот го пријавија локалните жители.
Уште од падот на Гадафи во 2011 година, Либија стана транзитна рута за бројни мигранти кои бегаат од насилство и сиромаштија, од каде што се впуштаат во опасно и ризично патување преку Средоземното Море до Европа. Поради фракциските конфликти, северноафриканската земја е поделена на западна и источна зона од 2014 година.
- Телата што ги пронајдовме се сè уште недопрени и мислиме дека има уште тела што ќе бидат исфрлени на брегот, рече Ал-Гавил.
Претходно овој месец, 53 мигранти, меѓу кои и две бебиња, го загубија животот или се водат како исчезнати откако чамец со 55 лица се преврте во близина на градот Зувара, западно од Триполи, соопшти Меѓународната организација за миграција.

