Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба

21.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба

Тој додаде дека Кремљ дополнително ќе соопшти дали Путин ќе му го честита Божиќ на Трамп.

- Во моментов не е предвидено, но ако биде потребно, тој разговор може брзо да се организира, рече Песков.

Според него, Путин денеска ќе има билатерални средби со претседателот на Киргистан, Садир Жапаров, и со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Песков исто така потврди дека претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алиев и Никол Пашињан, ќе учествуваат на неформалниот самит на Заедницата на независни држави.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата